Кошаркарите на Партизан ја совладаа Виртус Болоња со 81:71, во рамките на 25. коло од Евролигата и со тоа стигнаа до плејин-зоната. Еден момент од натпреварот во Болоња беше особено интересен. Имено, при еден прекин на почетокот од последната четвртина, тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ, му довикна некому од клупата за резерви, што се слушна при преносот, но не беше забележано кон кого се обрати.
- Ало, не дозволувај да те удрам по глава со оваа табла! Дали си луд?! – викна Обрадовиќ.
Pojačati zvuk: #kkp #kkcz pic.twitter.com/vyxEPn1r0K
— energetsko košarkaški tviter vampir (@kolincovkinson) February 5, 2025
Во тимот на Партизан најмногу се истакна Стерлинг Браун со 20 поени, четири скока и пет асистенции. Исто така, добра партија имаше Карлик Џонс со 19 поени, а Тајрик Џонс забележа дабл-дабл со 12 поени и 12 скока.
Денеска на програмата: Монако – Партизан (19:00 часот), Барселона – Олимпијакос (20:30 ч.), Басконија – Макаби ТА (20:30 ч.), Виртус Болоња – Париз (20:30 ч.).