EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ важи за најдобар тренер во Европа. Тој веќе неколку години го води Партизан, а неговите последни зборови многу ги вознемирија симпатизерите на овој клуб. Тој како да сакаше да го најави своето заминување со зборовите дека „во денешно време секој еден е заменлив, па така и тој“.

  • Не смеам да си го дозволам луксузот да мислам дека сум недопирлив или незаменлив. Во секој клуб има оддели каде што секој си ја работи својата работа. Како тренер имам искуство со кое можам да им помогнам на другите, но пред сè тренерот мора да биде посветен и што помалку да се занимава со други работи и да не се грижи дали новинарите го распнуваат или се зависници, изјави трофејниот тренер.

Обрадовиќ е жива легенда во очите на навивачите на Партизан, тие го ценат и почитуваат како свој татко, а неговото евентуално заминување би било непоправлив хендикеп. Минатото лето тој го продолжи договорот со белградскиот тим до летото 2026 година. Дали ќе се придржува до крај, останува да видиме.

ИЗДВОЕНИ