Зголемен бројот на странските туристи, намален на домашните

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесувал 49 870, од кои 36,8% се домашни туристи, а 63,2 % се странски туристи. Евидентирани се 106.894 ноќевања, од кои 42,5 % се од домашните туристи, a 57,5% од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари годинава, во однос на јануари 2024, е зголемен за 4,4%, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4,7%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4,9%, а на странските е зголемен за 10,8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 7,9%, а кај странските туристи зголемен за 16,5%.

 

ИЗДВОЕНИ