Згодната Соња Тарчуловска се враќа на естрадната сцена

99

По 15 години речиси целосна естрадна пауза, цврсто веруваме дека некогаш мегапопуларната македонска пејачка, Соња Тарчуловска (сопруга на Јохан), пак ќе ги заземе високите места на музичките топ-листи. Таа најавува голем кам-бек на сцената. Тоа ќе биде со новата песна насловена „Црвено“ и со нејзиниот голем хит, „Во бело“ (испеан пред точно 25 години), но сега како урбан микс, нешто како трендовска побрза поп-балада.

Како и да е, важно е дека Соња Тарчуловска, која е една од најсексапилните наши пејачки, повторно ќе ги радува своите обожаватели, и нас, новинарите. Сето тоа ќе го потврди славенички, на закажаната промоција (вторник 11.03), наменета за новинарите, во 17:00 часот, во ресторанот „Бир гарден“ во скопско Дебар-Маало.

(Д. М.)

ИЗДВОЕНИ