Германскиот тенисер Александар Зверев беше обвинет за злоупотреба од две поранешни девојки, додека од 2021 година е во врска со Софија Томалa, позната актерка, водителка и модел. Таа е осум години постара од Зверев, го бодри на речиси сите можни турнири, а двојката често пред ТВ камерите зборува за својата врска.

Така, Софија Томала, во интервју за германски „РТЛ“, изјави дека Зверев е крајно суеверен и дека сè уште е изненадена од работите што ги прави секојдневно – и од кои не може да се „ослободи“.

  • Суеверието е знак на слабост. Развивате некои ритуали затоа што немате верба во себе. Секоја вечер, пред спиење, Саша оди во три пати до тоалетот во нашата спална соба и назад. Секоја вечер ми се плаче и посакувам само би дошол во кревет…, изјави познатата германска актерка Томала, за првпат откривајќи каков проблем има со нејзиното момче.

ИЗДВОЕНИ