После неколку години спорадични ажурирања кои делуваа како „вештачко дишење“, Мајкрософт конечно одлучи целосно да го исклучи „Skype“.
Оваа апликација повеќе нема да биде достапна од мај, а Мајкрософт советуваше корисниците да се префрлат на „Teams“.
- Почнувајќи од мај, Skype веќе нема да биде достапен. Продолжете со вашите повици и разговори користејќи го Teams, им порача Skype на корисниците во најновата верзија на ажурирањето.
Skype беше лансиран во 2003 година и купен од Мајкрософт осум години подоцна, само за да се обиде да го интегрира во Windows 10 во 2015 година.
Овој деветмесечен експеримент не помина баш најдобро, најмногу благодарение на развојот на други апликации за повици и пораки и нивниот „бум“.
Мајкрософт Тимс пристигна во 2017 година како услуга за деловна комуникација базирана на Skype технологија, а од 2021 година, кога се појави Windows 11 и имаше Teams наместо Skype, се очекуваше оваа апликација да биде исклучена.
Деновиве конечно е потврден крајот, а чекаме само официјално соопштение од Microsoft кое ќе стави крај на Skype.