Украинскиот клуб Прометеј, кој минатата година играше во полуфиналето на кошаркарскиот Еврокуп, згасна!

Од тимот кој се наоѓа во градот Слобожанское во Днепропетровската област, информираа дека ги затвориле своите секции за кошарка и одбојка. Оваа информација ја соопшти основачот на клубот, Володимир Дубинскиј, под чие водство Прометеј беше национален првак во 2021 година, додека во 2023 година го имаше споменатиот успех во Еврокупот и беше на чекор до финалето.

Олександар Прошута, украински новинар, објави дека Дубинскиј во понеделникот објавил дека машката и женската одбојкарска екипа целосно згаснуваат, а во средата стигнала потврда и за кошаркарскиот дел. Од 2022 година, поради војната во Украина, Прометеј се натпреваруваше во Летонија и играше во латвиско-естонската лига, но повеќе нема да се натпреварува. Иако пред минатата сезона стигна до полуфиналето против Турк Телеком и беше на дофат за пласман во Евролигата, клубот повеќе нема да се натпреварува.

  • Главната причина за ова е фактот што украинската полиција и обвинителството извршија претрес во канцелариите на фирмите на Дубинскиј и неговата хотелска соба додека тој беше на службен пат во Киев. Дубинскиј сето тоа го нарече „притисок“ и ги негираше сите обвинувања за перење пари. Рече дека сите негови односи со клубот се „чисти“, тврди украинскиот новинар.

Самиот Дубинскиј упати обвиненија против властите дека припадниците на полицијата при претресот кон него се однесувале со неразумна суровост и на најпонижувачки начин.

  • Употребија физичка сила и ми се закануваа со оружје. Незаконски ми беа одземени личниот телефон и лаптопот… Во еден момент сите станавме крадци и предавници на државата. Бевме обвинети за перење пари преку „Прометеј“, обвинети за соработка со земја агресор… Девет часовно понижување резултираше со чин во кој беше формулиран вака: „Ништо не е откриено“, напиша тој на социјалните мрежи.

„Сигурен сум дека постапката против Прометеј е отворено нарачана“, тврди украинскиот бизнисмен и уште еднаш нагласува дека нема незаконски активности во врска со Прометеј.

  • Поради сето горенаведено, принуден сум да ве информирам дека Прометеј, повеќекратниот шампион на Украина, редовен учесник во натпреварите од европските купови, како и спортската академија Прометеј од денеска ќе престане да постои поради притисокот на органите на прогонот, изјави Украинецот.