Земјотрес во Албанија, го стресе тлото и во охридско-струшкиот регион

22
Фото: screenshot EMSC

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 12.07 часот на територијата на Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот се наоѓа на 8 километри североисточно од Елбасан, односно 38 километри југоисточно од Тирана.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, се наоѓа на длабочина од околу 5 километри под земја.

Со оглед дека епицентарот бил во близина на границата со Македонија, земјотресот бил почувствуван и во охридско-струшкиот регион.

ИЗДВОЕНИ