Земјотрес во Албанија: Епицентарот во близина на Тирана

130

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Албанија во 16 часот и 4 минути.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 39 километри од главниот град Тирана.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, се наоѓал на длабочина од околу 5 километри под земја.

Нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ИЗДВОЕНИ