Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил во 11:13 часот на длабочина од 33 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на речиси 400 километри североисточно од градот Самаринда и 224 километри од градот Палу.