Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди Јужна Грција

2484

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер ја погоди денеска јужна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Во објавата на веб-страницата на ЕМСЦ се наведува дека земјотресто е текектиран во 16.54 минути по локално време на длабочина од осум километри.

Епицентарот на земјотресот бил оддалечен 65 километри југозападно од градот Петра на полуостровот Пелопнез и 16 километри југозападно од Вартоломио.

Земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди во понеделникот наутро подрачјето околу островот Санторини и Аморгос во јужниот дел на Егејското море, пренесоа грчите медиуми.

Од 26 јануари трае серијата земјотреси во областа, а од тогаш се регистрирани повеќе од 16.900 земјотреси посилни од еден според Рихтеровата скала, а на неколку острови во тој дел на Егејското Море е воведена вонредна состојба, која ќе трае до 14 март.

ИЗДВОЕНИ