Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Русија.
Земјотресот се случил во 16:04 часот по локално време, во областа Камчатка во Русија, објави EMSC.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 68 километри од градот Петропавловск-Камчатски.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 71 километар под површината на земјата.
Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата, пренесува Телеграф.