Земјотрес со јачина од 4,1 степен со епицентар во Албанија, е почувствуван и во северозападните делови во Македонија

14

Земјотрес со јачина од 4,1 степен, со епицентар во Албанија, е почувствуван попладнево и во северозападните делови во земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Денеска во 14:39 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 173 километри од Скопје, во Република Албанија, со магнитуда од 4,1 според Рихтер“,се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

Како што велат оттаму, земјотресот е почувствуван и во северозападните делови на нашата држава, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

ИЗДВОЕНИ