Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово околу 07:57 часот во близина на островот Санторини во Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 11 километри и околу пет километри од градот Иос на островот Санторини, на Кикладите, во Јужното Егејско Море.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.