Земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран денеска во близина на Неапол во јужна Италија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри во вулканска калдера (вид кратер), на 14 километри од Неапол во 15 часот и 30 минути, јави агенцијата Анса.
Нема извештаи за повредени или оштетувања на згради, но земјотресот ги вознемири жителите на Неапол и околниот регион.
Земјотресите се чести во овој дел на Италија, бидејќи областа Кампи Флегреи (Флегриски полиња) моментално е под влијание на брадисеизмот.
Брадисеизмот е постепено подигање или спуштање на дел од површината на Земјата предизвикано од полнење или празнење на подземните магма комори или од хидротермална активност, особено во вулканските калдери.
Овој процес може да трае со милениуми помеѓу ерупциите, а секое движење на земјата обично е придружено со илјадници мали до умерени земјотреси, пренесува Танјуг.