Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

56

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.4 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 34 минути во Струмица и во околината.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

ИЗДВОЕНИ