Утрово бил регистриран земјотрес во 7 часот и 23 минути во Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија известува дека потресот е со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа на 130 километри југоисточно од Скопје.
Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југоисточните краеви со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.