Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во областа Петриња, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Во соопштението се наведува дека сеизмографи на Сеизмолошката служба регистрирале прилично силен земјотрес во 12:52 часот со епицентар кај Табориште, на три километри југоисточно од Петриња.
Магнитудата на земјотресот била 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI степени според ЕМС скалата.
Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Сисак, а дел од градот останал без струја.
„Многу непријатно, долго не се почувствувало вака; „Како да пукна бомба“. Сисак, траеше 5 секунди; Не било толку силно и долго одамна. „Се тресе се во куќата“, се дел од коментарите на EMSC.
Серија силни земјотреси ја погодија областа Петриња кон крајот на 2020 година, со јачина на најсилниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Загинати и повредени се неколку лица, а причинета е голема материјална штета на поширокото подрачје на Банија.
Eyewitnesses reported shaking in #Bosnia&Herzegovina 2 min ago (local time 12:53:02)⚠
More info soon! pic.twitter.com/f5g4pqksfv— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025