Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија денеска во 13 часот и 49 минути. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 59 километри југоисточно од Елбасан.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.