Земан: Трамп ќе постигне мир во Украина со уцена

95
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поранешниот чешки претседател Милош Земан денеска оцени дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како авторитарен лидер со бизнис стил во политиката може да донесе мир во Украина уценувајќи ги и Киев и Москва.

„Дали ќе биде мир, не знам. Ако се случи, тогаш ќе биде мир и не мислам ништо лошо со тоа, што ќе се заснова на уцена на двете страни. Значи: Руси, ако не сакате да преговарате, ќе и дадеме на Украина ново оружје. А, Украинци, ако не сакате да преговарате, целосно ќе ви ја одбиеме финансиската помош. „На тој начин, тој може да ги доведе двете страни на преговарачка маса“, рече Земан во интервју за чешкиот весник „Млада фронта Днес“.

Поранешниот чешки претседател верува дека бизнис стилот што Трамп го носи во политиката може да биде успешен и дека чувството на рускиот претседател Владимир Путин дека е семоќен и неконтролиран може да му дојде до глава, и дека порано или подоцна стратешката грешка на Путин, како што го нарече нападот на Украина, ќе предизвика земјотреси.

„Кога зборуваме за Доналд Трамп, кој е авторитарен лидер на свој начин, тогаш користејќи го примерот на САД, можеме да кажеме дека либералната демократија исчезнува“, рече поранешниот чешки претседател.

ИЗДВОЕНИ