– Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни паркинзи, нуди сигурен и доверлив висококапацитативен транспорт на луѓе низ градот, но и неговите крајни дестинации и предградија, велат од здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“. Тие се надеваат дека во интерес на борбата против климатските промени, во најавената физибилити студија од страна на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ќе бидат земени предвид сите типови на патници, како што се прави во развиените европски и светски градови
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ бара да се земат предвид и велосипедистите и лицата со посебни потреби при реализацијата на идејата за воспоставување на градски железнички превоз во главниот град, која како и „На точак“ ја поздравија.
– Железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени. Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни паркинзи, нуди сигурен и доверлив висококапацитативен транспорт на луѓе низ градот, но и неговите крајни дестинации и предградија – велат од здружението.
Тие се надеваат дека во интерес на борбата против климатските промени, во најавената физибилити студија од страна на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ќе бидат земени предвид сите типови на патници, како што се прави во развиените европски и светски градови.
– Бидејќи е најавено дека ќе се проверат и самите железнички станици и ќе се направи анализа дали треба да се направат нови, сметаме дека треба да се провери и пристапноста на самите станици. Во Скопје има голем број лица кои се движат со помош на колички (инвалидски, бебешки) и круцијално е да им се понуди безбеден пристап во возовите – се наведува во соопштението од „Го Грин“.
Оттаму, потенцираат, дека од огромна важност е да се овозможи мултимодален транспорт (транспорт на велосипеди во возовите) и да се размислува за интермодален транспорт (можност за изнајмување на велосипеди на железничките станици, поврзаност со автобускиот транспорт/БРТ преку делење постојки, Парк анд амп, Рајд систем).
Според „Гоу грин“, овие решенија им овозможуваат на патниците кои живеат над пет километри од крајната дестинација да се движат со воз до најблиската станица и потоа со велосипед до крајната дестинација.
– Преку овие решенија огромен број од граѓаните ќе имаат можности да се движат безбедно и брзо низ градот, а со тоа да се намали потребата од автомобили и асфалт. Во оваа цел „Гоу Грин“ им стои на располагање на Министерството за транспорт и врски за понатамошна соработка и смета дека граѓанскиот сектор мора да биде вклучен во сите наредни чекори – заклучија од здружението.
(А.П.)