Зеленски: Зошто да се чека до 8 мај за прекин на огнот, човечкиот живот е поважен од парадата

23
Фото: EPA-EFE/STRINGER
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека не треба да се чека 8-ми мај за да се воспостави прекин на огнот, како што најави рускиот претседател Владимир Путин и дека тоа, како што наведе, може да се направи веднаш.
„Ова е уште еден обид  за манипулација: од некоја причина сите треба да почекаат до 8-ми мај за да се обезбеди примирје во текот на парадата. Ние ги цениме човечките животи, не парадите. Затоа верувавме, а верува и светот, дека не постои причина да се чека до 8-ми мај. И огнот не треба да се запре на неколку дена, за потоа повторно да продолжи убивањето“, нагласи Володимир Зеленски, пренесува Укринформ.
Путин денесак прогласи примирје од 8-ми до 10-ти мај во чест на Денот ан победата, кој се слави во Русија.
Сите воени операции на Руската Федерација наводно ќе бидат прекинати во текот на овој период, наведува украинската агенција.

 

ИЗДВОЕНИ