Зеленски за Велигденскиот прекин на огнот: „Обид на Путин да си игра со човечки животи“

247
EPA-EFE/JAVAD PARSA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди неговиот руски колега Владимир Путин за „обидот да си игра со човечки животи“, по најавата на Путин за Велигденски прекин на огнот.

„Уште еден обид на Путин да си игра со човечки животи“, напиша Зеленски на Телеграм, додавајќи дека руски борбени беспилотни летала биле забележани на украинското небо.

Сепак, тој не го кажа јасно ставот на Киев за најавениот прекин на огнот. Руските сили претходно денеска објавија дека ја освоиле претпоследната локација под контрола на украинската војска, во руската област Курск.

„За време на офанзивните операции, единиците на Северната група сили го ослободија селото Олешња во областа Курск“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

По заземањето на тоа погранично село, остана уште едно, Горнал, кој се уште е под контрола на Украина во Курската област, на руска територија.

Украинските сили започнаа офанзива во пограничниот регион во август 2024 година, изненадувајќи ги руските војници и заземајќи повеќе од 1.000 квадратни километри.

ИЗДВОЕНИ