Зеленски во интервју со Шапиро: Средбата во Белата куќа не беше најидеална

28
Фото:принтскрин/Јутуб

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот во Киев разговараше со американскиот конзервативен коментатор Бен Шапиро за улогата на САД во војната меѓу Русија и Украина. Денеска се емитува првиот дел од интервјуто на Шапиро со Зеленски, пренесува хрватски Индекс.

Шапиро е еден од најпознатите конзервативни коментатори во САД, чест гостин на Fox News, но и водител на популарниот подкаст The Ben Shapiro Show, кој има милиони слушатели. Бен Шапиро беше жесток критичар на Доналд Трамп во 2016 година, но подоцна го промени своето мислење за политиката на Трамп. Шапиро го поддржуваше и гласаше за Трамп, учествуваше во собирање средства за неговата кампања, но честопати јавно критикуваше одредени политики.

Во интервјуто со Зеленски ќе се зборува за американската поддршка за Украина, за виралната борба со Трамп во Белата куќа и за плановите за ставање крај на војната.

Шапиро првично го праша Зеленски за непријатната средба со Трамп во Белата куќа во февруари, кога сè се претвори во расправија меѓу Зеленски и Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Зеленски вели дека средбата не била најидеална, но дека им е благодарен на Трамп и Америка за поддршката и напорите да се стави крај на војната. Мора да разберете дека ние се браниме од руски напад, дека Русите се непријатели, а Америка ја сметаме за пријател и партнер кој има влијание и тоа влијание треба да ја натера Русија да започне преговори“, рече Зеленски.

Шапиро го праша Зеленски за американската помош за Украина и за „милиони долари“ што американските даночни обврзници и ги платија на Украина. „Од почетокот бевме јасни дека и американската и европската помош е под контрола на западните инспектори, немаме што да криеме, транспарентни сме. Благодарни сме на Америка за помошта и единството во одбраната на мојот народ од руската агресија“, рече Зеленски.

„Целата воена помош е искористена или ќе се користи на воено поле. Има многу лажни руски тврдења за продажба на оружје, корупција итн., но тоа не е точно“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ