Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека најмалку 300.000 Украинци во Германија не работат и не се обидуваат да се вработат и дека ќе бидат принудени да се вратат во земјата кога ќе заврши германската социјална поддршка.
„Не сите Украинци се многу среќни што се во странство. Ова не е дел од планот за враќање на Украинците, но ова се фактите. Некои земји и нивните лидери сакаат тие Украинци кои работат таму да останат. Во исто време, тие бараат начини да ги натераат оние Украинци кои не работат да се вратат во Украина“, рече Зеленски на состанокот со шефовите на територијалните заедници и окрузите Закарпатија, пренесува Укринформ.
Тој изјави дека, на пример, денес во Германија има повеќе од 1,1 милион Украинци, од кои најмалку 300 илјади не работат никаде, не се ни трудат да се вработат и дека такви луѓе има многу низ Европа.