Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Брисел се сретна со лидерите на европските земји и по тој повод порача дека Украина ќе направи сѐ за да стане силна следната година и дека тогаш ќе биде подготвена за дипломатија.
„Правиме сѐ за да ја направиме Украина силна, никој ништо да не ни наметнува и мислам дека ќе успееме во сѐ“, рече Зеленски.
Како што е наведено на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, клучна тема на средбата била како да се зајакне Украина и нејзината позиција на фронтот и во дипломатијата.