Магазинот „Тајм“, кој го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата работна просторија опиша три слики во масло кои висат над креветот. Објави и фотографија на која позира под нив.
Едната слика прикажува руски воен брод што тоне во Црното Море, другата украински војници во борба на руска територија и третата, за која Зеленски, рекол дека му е најмила – го прикажува Кремљ во оган.
Сега стигна и реакција на гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Не би го коментирал тоа. Па претпоставувам дека ова на најдобар начин го илустрира степенот на духовниот развој и внатрешната состојба на оној кој позира покрај тие слики. Во секој случај, тоа не им служи на чест на оние кои го снимаат и го објавуваат тоа, како и на оние кои позираат, порача Песков.