Зеленски: Сеќавањето на холокаустот избледува

8
EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот изјави дека ова злосторство никогаш не смее да се заборави и никогаш да не се повтори.

„Тоа беше намерен обид на нацистите да избришат цел народ, да ги убијат сите негови членови, да уништат се што не потсетува на Евреи. Шест милиони жртви. Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори, но постепено, за жал, сеќавањето на холокаустот бледнее, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи сè уште останува во светот“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека рамнодушноста е „ѓубриво за злото“ и дека е неопходно „да се надмине омразата што раѓа насилство и убиства“.

За време на Втората светска војна, шест милиони Евреи станаа жртви на нацистичката политика насочена кон елиминирање на оние што се сметаат за „закана“ или „инфериорни“.

ИЗДВОЕНИ