Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран од бавното темпо на преговорите за ставање крај на војната во Украина, а украинскиот претседател Володимир Зеленски оди во „погрешна насока“ кога се во прашање преговорите, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Левит истакна дека трпението на Трамп е при крај кога се во прашање преговорите за завршување на војната во Украина, бидејќи, како што наведе таа, тој „сака да го направи она што е добро за светот“ и „сака да види мир“ и „запирање на убиствата“, објави „Ројтерс“.
Таа им рече на новинарите дека за постигнување мир во Украина потребни се две страни кои се подготвени да го прекинат конфликтот.
„За жал, се чини дека Зеленски се движи во погрешна насока“, рече Ливит.
Трамп претходно денеска изјави дека изјавата на Зеленски дека Киев не може да го признае отцепувањето на Крим е „многу штетна за мировните преговори со Русија“.
Поворката со ковчегот во кој се наоѓа телото на папата Франциско ќе патува 6 километри до…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали на насловната страница на Волстрит журнал дека „Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Нема за што да се зборува“, напиша Трамп.
Според него, оваа изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим е „изгубен пред неколку години под покровителство на претседателот Барак Хусеин Обама“ и не е ниту тема за разговор.
Трамп нагласи дека нема врска со Русија, но дека има желба да спасува просечно 5.000 руски и украински војници неделно кои умираат без причина.
Зеленски изјави дека Украина не може де јуре да го признае отцепувањето на Крим бидејќи тоа е во спротивност со украинскиот Устав.