„Страотен руски ракетен напад на Суми. Руски ракети погодија обична градска улица, обичен живот – станбени згради, образовни установи, автомобили на улица… И тоа на ден кога се оди во црква – Цветна недела, празникот на влегувањето на Исус во Ерусалим“, напиша Зеленски на платформата Х.
Според првичните информации, убиени и ранети се десетици цивили, напиша тој.
„Само најлошиот олош може да се однесува вака – да одзема луѓе на обичните луѓе. Мое сочувство до семејствата и нивните најмили. Во тек е акција на спасување. На местото на нападот работат сите неопходни служби“, истакна Зеленски.
Како што наведе, светот мора да одговори одлучно, САД, Европа и сите во светот кои сакаат оваа војна и ова убивање да завршат.
“Само најгори олош може овако да се понаша – одузима животе обичних људи. Моје саучешће породицама и њиховим најмилијима. У току је акција спасавања. На лицу места раде све неопходне службе”, истакао је Зеленски.
„Русија сака токму ваков терор и намерно ја одолговлекува војната. Без притисок на Русија, мирот е невозможен. Разговорите никогаш не ги запреле балистичките ракети и авионските бомби. Потребен е однос кон Русија како што заслужува терорист“, порача Зеленски.
Тој им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат Украина и ѝ помагаат да го брани животот.