Зеленски: Русија веројатно користела севернокорејска ракета во нападот врз Киев

141

Руските сили веројатно користеле севернокорејска ракета во воздушниот напад во текот на ноќта врз Киев, во кој загинаа татко и неговото четиригодишно дете, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Според прелиминарните информации, Русите користеле севернокорејска ракета во овој напад, уште еден намерен терористички напад врз Украина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Х“.

Зеленски посочи дека експертите се уште работат на утврдување на точните податоци за ракетата употребена во нападот во кој биле повредени и три лица, меѓу кои и едно 12-годишно момче.