
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини својот руски колега Владимир Путин дека се обидува да ги „раздвои“ Европа и САД, приближувајќи се во последните недели до американскиот претседател Доналд Трамп по повеќе од три години од руската инвазија на Украина, пренесе Бета.
Владимир Путин „сака да ја оддели Европа од САД“, рече Зеленски на прес-конференција во Париз по самитот на сојузниците во Киев.
Зеленски ги повика западните сили да спречат какво било укинување на санкциите кон Русија, што Москва го бара пред прекин на огнот. Украинскиот претседател оцени дека аболицијата ќе биде „испраќање многу опасни сигнали“.
Зеленски изрази жалење што се уште има „многу прашања“ и „малку одговори“ за потенцијалното распоредување на европски контингент на украинска територија за следење на евентуалниот прекин на огнот со Русија.
„Во однос на работата на овој контингент, неговите одговорности, што може да направи, како може да се користи, кој ќе биде одговорен за тоа – има многу прашања. Досега има малку одговори“, рече Зеленски.