Зеленски: Путин лаже

149
EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Володимир Зеленски, кој утрово разговараше со европските лидери по телефон, вели дека мора да се изврши „силен притисок“ врз Русија додека таа не сака мир.

На платформата X тој напиша: „Путин ги лаже сите за ситуацијата на теренот, особено за она што се случува во регионот Курск, каде нашите украински сили продолжуваат со своите операции.

Нашите војници ја стабилизираа ситуацијата и на фронтот во регионот на Доњецк – поточно во Покровск.

Путин лаже и за тоа како наводно прекинот на огнот е премногу комплициран. Реално се може да се контролира, а за ова разговаравме со Американците. Вистина е дека Путин веќе ја одолговлекуваше војната речиси една недела по разговорите во Џеда. И ќе продолжат да го одложуваат“.

Долгиот пост тој го заврши со зборовите: „Мирот е можен. Можно е кога сите работиме заедно – за мир, за безбедносни гаранции, за да се осигураме дека агресорот нема ништо да добие од оваа војна“.

ИЗДВОЕНИ