Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата потпиша два закони за продолжување на вонредната состојба и на мобилизацијата за уште три месеци, јавува Anadolu.
Статусот на двата закони, кои беа објавени на веб-страницата на Врховната Рада (украинскиот парламент), е ажуриран, што укажува дека тие се примени со потписот на Зеленски.
Со одобрувањето вонредната состојба и мобилизацијата во Украина се продолжени до 9-ти мај.
Зеленски поднесе два нацрт-закони до парламентот на 14 јануари, а пратениците ги усвоија еден ден подоцна.
Украинскиот претседател првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна „специјална воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките беа неколкупати продолжени.