Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина состанокот со својот украински колега Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што двајцата требаше да потпишат рамковен договор за експлоатација на украинските минерални суровини.

Трамп, кој му викаше на Зеленски, оцени дека украинскиот претседател покажал непочитување кон САД.

По закажаното потпишување на договорот, беше планирана заедничка прес-конференција, но наместо тоа Зеленски ја напушти Белата куќа.

Средбата почнала добро, но во последните десет минути од приближно 45-минутниот разговор атмосферата станала тензична, пренесува АП.

Трамп го обвини Зеленски дека не е подготвен за мир со Русија, додека САД се вклучени во преговорите, пренесе агенцијата Франс прес.

  • Претседателот Зеленски не е подготвен за мир со инволвирана Америка, бидејќи верува дека нашата вклученост му дава огромна предност во преговорите со Русија. Тој може да се врати кога ќе биде подготвен за мир, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

 

 

ИЗДВОЕНИ