Зеленски му ја препушта судбината на Украина на Западот

158
EPA EFE OLGA FEDOROVA

Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски.

„Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на секој што може да ја зајакне Украина. Им нудиме на нашите партнери да одлучат како го гледаат крајот на оваа војна и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, како и заедничките чекори кои можат да доведат до тоа војната да биде на пат да заврши“, рече тој во видео обраќањето.

Зеленски истакна дека го очекува извештајот на украинскиот тим кој моментално работи во Вашингтон, како и извештајот на врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, истакнувајќи дека ситуацијата е особено тешка на фронтот во Доњецк, пренесува Укринформ.

Како што беше претходно најавено, американскиот претседател Џо Бајден ќе претседава со следниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во формат Рамштајн, што ќе се одржи на 12 октомври во Германија.