Зеленски: Кога ќе заврши војната?

90
EPA EFE OLGA FEDOROVA
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека постои можност руската војна против Украина да заврши во наредната година.

 

Кога ќе заврши војната? Кога Русија ќе посака војната да заврши. Кога САД ќе заземат посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане покрај Украина и за завршување на војната“, рече Зеленски во разговор со претставници на странски медиуми во Киев на третата меѓународна конференција за безбедност на храната, „Жито од Украина“.

„Тоа нема да биде лесен пат, но убеден сум дека ги имаме сите можности тоа да се случи следната година“, ги пренесе неговите зборови новинската агенција Укринформ.

„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји“, продолжи Зеленски. Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна“, додаде Зеленски.