Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот го критикуваше, како што рече, недостатокот на желба на словачкиот премиер Роберт Фицо да ја прекине зависноста на неговата земја од рускит природни ресурси како „голем безбедносен проблем“ за Европа и Словачка.
Зеленски го даде овој коментар откако Фицо се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во неделата во Москва. Фицо рече дека средбата била одговор на разговорите со Зеленски, кого го обвини дека се противи на каков било транзит на гас преку Украина во неговата земја.
– Зошто тој лидер е толку зависен од Москва? Што му се плаќа и со што тој плаќа?“, наведе Зеленски на платформата на социјалната мрежа Х.
Украина постојано тврдеше дека нема да го продолжи договорот за транзит на гас од Русија во Европа, кој истекува на 1 јануари. Плаќањето за гасот и помогна на Русија да ја води својата речиси тригодишна војна во Украина, тврди Киев, пренесува Ројтерс.