Зеленски и Трамп се сретнаа во Рим пред погребот: „Разговорот беше многу продуктивен“

32

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со својот американски колега Доналд Трамп во италијанската престолнина, каде што двајцата дојдоа на погребот на папата Франциск, изјави портпаролот на Зеленски, а Белата куќа објави дека разговорот бил „многу продуктивен“, пренесе Хина.

Средбата се одржа во критичен момент за преговорите за ставање крај на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Трамп, кој врши притисок врз двете страни да се согласат на прекин на огнот, во петокот изјави дека разговорите меѓу неговиот претставник и руското раководство биле продуктивни и повика на состанок на високо ниво меѓу Киев и Москва за финализирање на договорот.

Трамп претходно ги предупреди двете страни дека неговата администрација ќе се откаже од напорите за постигнување мир доколку завојуваните земји не се согласат на договор наскоро.

Средбата во Рим е прва средба лице в лице меѓу Трамп и Зеленски откако се скараа во Овалната соба во февруари. По тој состанок, САД ја прекинаа разузнавачката соработка со Украина, клучна за нејзините напори да ги одврати руските напади, но подоцна таа беше обновена.

ИЗДВОЕНИ