Зеленски го впери прстот во американскиот потпретседател: „Го оправдува Путин“

98
EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, дека „некако ја оправдува“ инвазијата на Русија на Украина, што е неговиот најкритичен коментар за американскиот политичар од нивната тензична размена на зборови во Овалниот кабинет во февруари.

Зборувајќи за американската информативна програма 60 минути, Зеленски рече дека некои функционери во американската влада станале жртви на руската дезинформација и туркаат „променета реалност“ за тоа која страна ја започнала војната, пишува Политико.

„За жал, верувам дека руските наративи преовладуваат во Соединетите држави“, рече тој, според преводот на неговите забелешки за CBS.

„Ова зборува за огромното влијание на руската информативна политика врз Америка, врз американската политика и американските политичари“, додаде тој.

Зеленски го издвои Венс, обвинувајќи го дека „некако ги оправдува постапките на Путин“.

„Се обидов да објаснам: „Не можете да барате нешто на средина. Има агресор и има жртва. Русите се агресорот, а ние жртвата“, додаде тој, осврнувајќи се на нивниот напнат разговор во Белата куќа во февруари.

ИЗДВОЕНИ