Зеленски ги поддржува протестите во Словачка: Братислава не е Москва

83

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поддржа антивладините протести организирани од граѓанска иницијатива во неколку словачки градови во петокот.

„Мир за Украина“, и порача дека Словачка има место во Европа. „Братислава не е Москва. Словачка е Европа“, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Х.

Тој го сподели статусот и фотографијата на пријателот на поранешната претседателка Зузана Чапутова, Јурај Ризман, кој учествуваше на демонстрациите во Братислава.

„Словачка е Европа! Граѓански протест против владата на Роберт Фицо и против соработката со Путинова Русија. Плоштад Слобода, Братислава, Словачка, 24 јануари 2025 година“, напишал Ризман под фотографијата.

Во Братислава и во 30 други градови во Словачка во петокот десетици демонстранти побараа оставка од словачкиот премиер. Според организаторите на протестот, луѓето се собрале да го изразат своето несогласување со моменталната насока на земјата и да покажат поддршка за демократските вредности и европската иднина на Словачка.

ИЗДВОЕНИ