
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вели дека е целосно посветен на конструктивен дијалог со американските претставници во Саудиска Арабија за начините да заврши војната.
„Украина бара мир уште од првата секунда на војната. На масата се реални предлози. Клучно е да се дејствува брзо и ефикасно“, порача Зеленски на Икс.
Украинскиот претседател најави дека в понеделник ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, а во вторник дипломати и офицери во Ријад ќе одржат средба со американски претставници.
Во украинската делегација се шефот на дипломатијата Андриј Сибиха, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, и министерот за одбрана Рустем Умеров.
Во Ријад пред еден месец се одржа и состанок на руски и американски претставници за крај на војната. Украина не беше поканета.