Најдобриот светски тенисер Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Париз. Она што паѓа во очи е што тоа го направи поради „стомачен вирус“ и нема ни да се обиде да се натпреварува, што секако повторно ќе  крене прашината околу допинг-скандалот во кој е во центарот на вниманието веќе неколку месеци.

Синер првично беше ослободен од обвиненијата во досега невиден процес, за кој никој освен него и АТП не знаеше, а потоа ВАДА покрене нова истрага и сега ја чека одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана. Секако, не е невозможно неговото повлекување од Париз да е поврзано со оваа драма, бидејќи тој одигра огромен број натпревари во текот на календарската година, а заработи и шест милиони долари во Саудиска Арабија, а треба и да се одмори и пред завршниот мастерс турнир во Торино.

Мастерс турнирот во Париз, пак тргна со неколку изненадувачки резултати. Веројатно најголемото го приреди Франциско Черундоло кој со 2:0 го победи и елиминира Андреј Рубљев во втората рунда.  Аргентинецот играше вторпат во Париз, а Русинот првпат и загуби од аутсајдерот. Се играа два сета до тај-брејк, а во двата подобар беше Черундоло.

Елиминација доживеа и Хуберт Хуркач во дуелот со Алекс Микелсен (2:0). Американскиот тенисер го совлада фаворитот со 6:1 и 6:3. Изненадувачка беше и елиминацијата на Френсис Тиафо кој беше поразен со 7:6, 6:7, 3:6 за два часа и пет минути од Џовани Мпетши Перикар.

Но добро му тргна на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз. Тој славеше над Чилеанецот Николас Јари со 7:5, 6:1. Во следната рунда на турнирот Алкараз ќе се соочи со Уго Умберт или Маркос Жирон.