Здрженијата бараат делото да влезе во Кривичниот закон: Уапсени тројца за борби со кучиња

17

Тетовската полиција уапси тројца поради организирање борба со кучиња, во селото Долно Палчиште. За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Пред неколку дена на протестот за време на судењето за малтретирање и усмртување на бездомно куче во Кривичниот суд, здрженијата за заштита на животните најавија дека од надлежните ќе побараат во Кривичниот закон да се вметне делото за борби со кучиња и напуштање на миленик.

Според здруженијата борбите со кучиња се организираат најмногу во тетовскиот крај, а полицијата знае но не интервенира бидејќи е во спрега со организаторите.

 

ИЗДВОЕНИ