Здружението „И јас сум“ доделува грант од 18.000 денари за талентираните

27

Не се раѓа секој шампион на стадион. Некои се раѓаат со идеја. Здружението „И јас сум“ од Неготино отвора повик за грант од 18.000 денари, преку програмата „И јас сум шампион“, за да ги поддржи оние што имаат талент.

– Не важно каде сјаеш: во музиката, уметноста, технологијата, спортот или во нешто друго, важно е да веруваш во себе. Ние веруваме во тебе – велат од Здружението, повикувајќи ги сите што се талентирани во нешто да аплицираат.

Повикот е отворен до 10 мај 2025 година. Аплицирањето е отворено за младите од цела Македонија, на возраст до 24 години.

– Овие мали, но значајни грантови имаат цел да поддржат конкретни и одржливи идеи, кои ќе им помогнат на младите да го развијат својот талент и да ги направат првите чекори во исполнувањето на својот потенцијал – велат од Здружението. 

ИЗДВОЕНИ