Здравјето на срцето на жената во постменопауза е од особена важност – сокот од цвекло е вистинскиот избор

62
Фото:пекселс
Според недамнешно истражување направено во списанието Фронтиерс ин нутришн, чаша сок од цвекло дневно, може да им помогне на жените во постмоенопауза, на тој начин што ќе ја намали подложноста на болести на кардиоваскуларниот систем.

 

Сокот од цвекло помага да се стимулира производството на азотен оксид, витално хемиско соединение кое е важно за здрава циркулација и проток на крв. Ова е особено важно за жените во постменопауза со оглед на тоа дека токму тие се соочуваат со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и зголемен крвен притискок, пишува rts.rs. 

Тим истражувачи од Државниот универзитет на Пенсилванија, Универзитетот Едит Кован, Универзиетотот на Западна Австралија, универзитетот Вејк Форест и универзитетот во Лидс се обидоа да утврдат дали додавањето нитрати во облик на сок од цвекло може да помогне во намалувањето на ризик факторите од срцеви заболоувања кај жените во постменопауза.

Авторите на истражувањето забележале дека кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт кај жените, и тоа со зголемем ризик по менопаузата.

Внесот на цвекло и друга билна храна богата со нитрати е ветувачка нефармаколошка стратегија за зголемување на концентрацијата на системскиот азотен оксид и подобрување на фукнцијата на ендотелата кај повозрасната популација.

За да видат дали функционира во пракса, тие спровеле плацебо контролирано, двојно слепо, вкрстено клиничко испитување. Истражувањето е направено на жени во постменопауза за да се видат ефектите од суплементацијата на нитрати додека пиеле сок во две различни фази од менопаузата.

Жените беа поделени во рана постменопаузална група (последна менструација пред една до шест години) и доцна постменопаузална група (повеќе од шест години од последната менструација).

Двете групи жени консумирале сок од цвекло богат со нитрати и сок од цвекло осиромашен со нитрати секој ден во текот на една недела.

Проблемот на краткорочни позитивни ефекти

Учесниците во студијата пиеле сок од цвекло богат со нитрати секое утро седум дена, а потоа по неколку недели пиеле сок од цвекло без нитрати.

Истражувачите откриле дека сокот од цвекло богат со нитрати го зголемува протокот на крв во споредба со плацебо без нитрати. Сепак, истражувачите забележаа дека васкуларните придобивки исчезнале по 24 часа пиење сок од цвекло.

На крајот, тие заклучиле дека секојдневното пиење сок од цвекло може да помогне во заштитата на здравјето на срцето кај жените во постменопауза, но тоа зависи од времето на консумирање, бидејќи ефектите исчезнуваат по 24 часа.

Затоа, за навистина да ги искористат постојаните придобивки за здравјето на срцето од пиењето сок од цвекло богат со нитрати, жените во постменопауза треба да го направат дел од нивната секојдневна рутина.

Што е азотен оксид и зошто е важен за здравјето

Азотниот оксид е важна регенеративна супстанца што ја произведува човечкото тело, а неговиот недостаток е поврзан со бројни здравствени нарушувања, како што се губење на коскената маса, дијабетес и рак.

Азотниот оксид ги проширува и релаксира крвните садови, што го зголемува протокот на крв во сите органи и клетки и овозможува регенерација, здравје и сила на ткивата на кардиоваскуларниот систем.

Нормално, околу 40-тата година, производството на азотен оксид во телото почнува да опаѓа. Недостатокот на азотен оксид предизвикува луѓето во педесеттите и шеесеттите да имаат понизок потенцијал за циркулација на крвта за речиси половина во споредба со периодот од нивниот живот кога биле во дваесеттите години.