Здрава котлина од Струмица на нивниот фејсбук профил пред малку објави видео на кое се гледа како црвена боја го обојува каналот во близина на кланицата во Струмица. Од Здрава котлина посочуваат дека црвената боја е од крвта на јагнињата што се колат во кланицата.
– Кланицата во Струмица работи со полна пареа и директно испушта крв во реката. Цевката со крв доаѓа од објектот каде се колат јагниња. Ова е инфективен материјал и во никакви околности не смее да се случува за индустриски капацитет што има Б дозвола. Дали ова е соодветно за Б интергрирана еколошка дозвола? – се вели во нивната објава на Фејсбук.
Видеото на Здрава котлина: