Збогум „поло“: По 40 години Фолксваген го прекина производството на популарниот модел во Европа

149

По 40 години, Фолксваген го прекина производството на моделот „поло“ во фабриката во Памплона, Шпанија. Полото за европскиот пазар отсега ќе доаѓа од Јужноафриканската Република. Фабриката во Памплона ќе се реновира за производство на електрични возила.

Производството на „поло“ во Шпанија заврши во јули 2023 година, со произведени 8,4 милиони единици. Производството на теренците T-Cross и Taigo ќе продолжи, додека фабриката се подготвува за нови електрични модели, вклучувајќи ги VW ID.2 и Skoda Epiq.