Заврши изградбата на новата градинка „Пролет“

29

Новата градинка „Пролет“ е комплетно завршена. Во чест на тоа, градоначалникот на Општина Центар – Горан Герасимовски, Дедо Мраз и 100 дечиња од градинката „Корчагин“ денеска направија прошетка низ новиот објект.

Герасимовски потенцираше дека е исполнета големата желба на најмалите и на родителите од населбите Пролет и Маџир Маало.

– Заедно со Дедо Мраз и со дечињата, направивме прошетка низ новата градинка „Пролет“, чија изградба е завршена и е направен технички прием. Ме радува задоволството на дечињата кога првпат влегоа во просториите. Ова е посебен момент за Општина Центар и за сите жители – празничен подарок што ќе донесе топлина и грижа за најмалите. Градинката „Пролет“ е изградена по највисоки стандарди за престој на дечињата и на вработените. Оваа градинка е прва во населбата Пролет и прва градинка по 50 години – истакна Герасимовски.

Објектот е со бруто-површина од 3.276 квадратни метри, чини 2,5 милиони евра, додека капацитетот на градинката е 150 деца со девет занимални. Ова е единствениот објект од ваков тип што се гради во Општината во последните 50 години.

Објектот се развива на две нивоа, со лифт за децата со посебни потреби, инклузивно игралиште и кујна за сопствените потреби, со цел свежа и здрава храна за корисниците.

 

ИЗДВОЕНИ