Заврши изградбата на главниот колектор на фекалната канализација

11

Целосно е завршена изградбата на главниот колектор на фекалната канализација во Македонска Каменица.

– Инвестицијата вредна 499.682,00 денари, финансирана од општинскиот буџет, овозможува поефикасно одводнување на отпадните води, подигање на квалитетот на живот во чиста животна средина, подобрени хигиенски услови за сите жители на нашата општина, особено на спортистите и на рекреативците, кои во непосредна близина секојдневно го користат новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс – информира градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Тој додава дека Општината ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

– Наша цел е да создадеме чиста и здрава животна средина за нас и за идните генерации – потенцира Атанасовски.

Тој упати апел до граѓаните да се вклучат во заштитата на животната средина.

– Ве уверувам дека заедно можеме да ја направиме нашата општина пример за одржлив развој и да бидеме активни учесници во градењето на нашата заедница – заклучи Атанасовски.